До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Многу е тешко да се поверува дека било кој дефанзивец може да го стави Лео Меси е дури на петтото место на најдобри напаѓачи со кои се соочил низ кариерата.
Манолас на прво место го стави Златан Ибрахимовиќ, но прво објасни зошто Меси е дури на петтото место.
„Тој не е класичен напаѓач повеќе игра на позиција крило и поради тоа никогаш директно не го чував. Затоа морам да го ставам дури на петтото место“, рече Манолас па тогаш го пофали Ибрахимовиќ.
„Ибрахимовиќ е продукт на природата. Не можете практично да му парирате во текот на натпреварот бидејќи е физички неверојатно силен и тоа ви претставува проблем. Освен него, во топ би ги ставил Суарез, Бензема и Кристијано Роналдо“, рече Манолас.















