Меси на чекор до срушување еден неверојатен рекорд


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Лионел Меси сруши многу рекорди, направи големи достигнувања, а оваа сезона има мотив да направи уште некои неверојатни работи.

Аргентинецот, меѓу другото, ќе се обиде да ја затресе мрежата против ривалот во Примера кој досега не успеа. Во сабота ќе се обиде да постигне гол против Леганес, новодојдените во Примера.

Меси секако дека не можеше да постигне гол против оваа екипа бидејќи прв пат се соочуваат со Барселона. Втората екипа чија мрежа не е затресена од страна на Меси е Лас Палмас. Тие се единствените две екипи во Примера кои Меси нема постигнато гол.

Против останатите екипи Меси барем еднаш има постигнато гол, а најлошо поминуваа екипите на Севиља и Атлетико, кој има постигнато 20, односно 21 гол.

Во секој случај, ретки се екипите кои успеале да ја задржат мрежата не чепната против еден од најдобрите играчи на светот.