Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу занимливости откри Лионел Меси во разговор за шпанската Марка. Помеѓу останатото одличниот Аргентинец говореше и за Нејмар кој за транфер вреден 222 милиони евра премина во ПСЖ.
Веќе одамна се шпекулира дека Нејмар би можел повторно да се врати во Барселона, а Меси истакнува дека не би имаш ништо против, дури и спротивно.
„Би сакале да се врати. Одличен е на теренот, но и во соблекувалната. Ние сме добри пријатели, доживеавме многу убави моменти, сепак тешко дека ПСЖ ќе го пушти“, јасен беше Меси.
Да потсетиме, Нејмар со Барса освои две титули во Примера и еден трофеј во ЛШ.
Во Барселона пристигна во јули 2013. година од Сантош.