Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Металург загубија во Унгарија од Веспрем со во натпревар од СЕХА, 33:21.
Веспрем отвори со погодоците на Момир и Сулиќ, 2:0. Во деветата минута Металург стигна до првото израмнување, 3:3. Кузмановски и Обрадовиќ го израмнија резултатот.
Гајиќ со два погодоци и едниот на Иванчик и Копљар му донесоа водство на Веспрем од два погодоци, 7:3. Момир и Благотиншек зголемија на 9:4.
Металург преку Обрадовиќ и Нелоски намалија на три погодоци негатива, 9:6. Домашните ракометари одговорија со четири погодоци во низа, 13:6.
Тот и Гајиќ пред крајот на првото полувреме погодија за 15:7 после 30 минути игра.
Металург најмногу што направи во второто полувреме беше тоа што намали пет негатива, 19:14 во 40-та минута. Дрогришки, Костески и Пешевски беа најзаслужни за тоа.
Веспрем се разигра после намалувањето на предноста, па постигна седум погодоци во низа за двоцифрено водство во 47-ма минута, 26:14.
Ракометарите на унгарскиот клуб на крајот победија со 33:21 за 12 победа во СЕХА. Ова беше десетиот пораз на Металург оваа сезона во регионалната лига.
Ренато Сулиќ и Драган Гајиќ го предводеа Веспрем со по 6 погодоци. Кај Металург најефикасен беше Филип Кузмановски со 5 погодоци. Жарко Пешевски постигна 4, а Немања Обрадовиќ постигна 3, Стефан Дрогришки, Никола Костески и Горан Крстевки по 2, Марко Нелоски и Давор Палевски постигнаа по 1 погодок. Голманите Дарко Арсиќ и Мартин Томовски натпреварот го завршија со вкупно 9 одбрани, 7 одбрани Арсиќ и 2 одбрани Томовски.