Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Металург беа поразени во Шпанија од Ла Риоха со 30:24 во натпревар од деветото коло од ЛШ. Ла Риоха на стартот на натпреварот стигна до водство од два погодоци, 3:1.
Металург возврати со иста мерка и го израмни резултатот, 3:3. Со две серии по два погодоци ракометарите на Ла Риоха, водството се зголеми на три погодоци, 9:6. Металург набрзина го израмни резултатот, 9:9. Домашните повторно направија серија од три погодоци за 12:9.
Гостите вратија со серија од три погодоци го израмнија резултатот, 13:13. Домашните постигнаа два погодоци во серија во финишот на првото полувреме за водство од 16:14.
Ракометарите на Металург во второто полувреме повторно го израмнија резултатот, 17:17. Една огромна серија на домашните беше доволна за победа, 25:19.
Гостите се обидуваа да се вратат во натпреварот, но на крајот се задоволија само со пораз, 31:25. Фернандез со 10 погодоци ја предводеше Ла Риоха до победа.
Кај Металург најефикасен беше Вања Илиќ со 6 погодоци. Немања Обрадовиќ со 5 погодоци го заврши натпреварот како втор стрелец.