Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Металург во СЦ Јане Сандански го победија Горење Велење во натпревар од СЕХА, 28:25.
Илиќ и Кузмановски после четири минути игра му го донесоа првото водство на Металург на натпреварот, 3:2. Гостите преку Цехте, Тоскиќ и Митровиќ стигнаа до водство, 3:5. После тринаесет минути игра Горење имаше водство од четири погодоци, 5:9. Митровиќ, Носан и Поточник беа најзаслужни за ова водство на словенците. Арсиќ се разбрани, па Металург со серија од три погодоци намали на еден негатива.
Велковски два пати и еднаш Обрадовиќ погодија за 8:9. Пет минути пред крајот на првото полувреме Обрадовиќ и Илиќ го израмнија резултатот, 12:12. Митровиќ неколку секунди пред првите триесет минути игра со атрактивен погодок му донесе водство на Горење, 14:15 на полувреме.
На почетокот на второто полувреме Петров и Арсиќ му донесоа водство на Металург, 16:15. Гостите од Словенија направија серија од пет погодоци за 16:20. Потоа се играше гол за гол до 46-та минута од натпреварот, 19:23.
Ракометарите на Металург со погодоците на Илиќ, Гуглета, Кузмановски и Дрогришки го израмнија резултатот, 23:23. Пет минути пред крајот на натпреварот Кузмановски и Илиќ погодија за водство на Металург, 25:24. Матјаж Брумен промаши пенал за израмнување на резултатот, на другата страни Кузмановски со атрактивен погодок го казни промашениот пенал, 26:24. Металург на крајот победи со 28:25.
Вања Илиќ го предводеше Металург со 7 погодоци. Филип Кузмановски и Немања Обрадовиќ по 5, Костадин Петров 3, Марко Неловски, Мартин Велковски и Александар Гуглета по 2, Стефан Дрогришки и Немања Младеновиќ по 1 погодок. Дарко Арсиќ натпреварот го заврши со 10, а Мартин Томовски со 4 одбрани. Поточник беше најефикасен во тимот на Горење со 8 погодоци.
Ова беше последен натпревар за Металург пред своите навивачи. Денес избраниците на Лино Червар ја запишаа петата победа оваа сезона во СЕХА, втора во низа.