Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Висок пораз од Монпеље нагости со 32:22,доживеа Металург, на почетокот од новата европска, кампања.
Иако Монпеље беше фаворит, македонската јавност очекуваше тимот на Лино Червар, да пружи посилен отпор, но момците од Автокоманда, не можеа да се справат со брзите играчи на францускиот тим.
Рамноправен беше почетокот на натпреварот, но потоа францускиот тим направи серија од 6-0, на која Метаург немаше одговор, па се замина на пауза со 19-11.
Во вториот дел, Металург не покажа никакви знаци на подобрување, па нивните грешки ги користеше противникот кој успеа да направи и двоцифрена предност.
Откако французите се одлепија на двоцифрена разлика, потоа успеаа да ја одржуваат до самиот крај, а конечниот исход гласеше 32:22.