Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Металург загубија во Хрватска од Нексе во натпревар од 18-то коло во СЕХА, 27:22.
Зрниќ и Сршен со два погодоци во низа му донесоа водство на Нексе, 2:1. Домашните преку Зрниќ кој постигна два погодоци во серија за 4:2.
Обрадовиќ возврати со иста мерка и го израмни резултатот, 4:4. Нексе постигна три погодоци во серија за 8:6. Пешевски и Велковски го израмнија резултатот, 8:8. Вегар шест минути пред крајот пред крајот на првото полувреме постигна два погодоци за 10:8.
Клубот од Автокоманда преку Костески, Илиќ и Велкоски по почетното водство стигна до предност на натпреварот, 10:11. До крајот на првото полувреме погоди Сршен за 11:11 после триесет минути игра.
Се играше гол за гол на почетокот на второто полувреме. Домашните направија серија од три погодоци за 18:15.
Нексе направи серија од три погодоци и на крајот победи со 27:22.
Сршен и Шпилер со по 6 погодоци го предводеа Нексе. Никола Костески, Немања Обрадовиќ, Вања Илиќ и Мартин Велковски беа најефикасни во тимот на Металург со по 4 погодоци. Костадин Петров и Жарко Пешевски постигнаа по 2, а Предраг Вејин и Давор Палевски по 1 погодок.
Металург сезоната во СЕХА ја заврши со на осмата позиција со 5 победи, 2 реми и 11 порази.