МЗТ Скопје со победата против Босна го освоија третото место на меморијалниот турнир Мирза Делибашиќ


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје со денешната победа против Босна Ројал на меморијалниот турнир Мирза Делибашиќ го освоија третото место, 78:70.

    Победата беше осигурана во третата четвртина кога кошаркарите на МЗТ направија серија од 14:2 и водство од 47:39. Потоа стигнаа и до 10 поени предност, 53:43. Предноста ја задржаа до крај и славеа со 72:59.

    Ѓорѓе Дреновац со 24 поени беше најефикасен во МЗТ Скопје. Џош Скот кој не играше во полуфиналето постигна 17 поени. Тори Томас додаде 14 поени, Ксавиер Темс 9, Џеремаја Мејси 7, Урош Лучиќ 4, Јуре Лалиќ 3 поени.

    Следниот натпревар на МЗТ Скопје е на 22-ри септември во полуфиналето од суперкупот на Македонија против Фени Индустри.