До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Монтела загриза за фудбалерот на Аталанта, верува дека совршено ќе се вклопи во неговиот систем.
Според наводите на италијанските медиуми, тренерот на Росонерите Винченцо Монтела го сака офанзивецот на Алехандро Гомез.
Аргентинецот од редовите на Аталанта игра многу добро во оваа сезона, постигна три гола на 12 натпревари, додека екипата од Бергамо е на високото петто место на табелата.
Џан Пјеро Гасперини е упорен да го задржи, бидејќи е еден од најдобрите играчи во неговиот клуб.
Сепак популарниот „Ел Папу“ може да ја напушти Аталанта, во случај на понуда од 20 милиони евра.
Малиот аргентиенц е под договор со тимот од Бергамо до 2020 година.
https://www.youtube.com/watch?v=Zy5ahhYvdvQ















