Милан го спасува французинот – Цената е 15 милиони евра


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Покрај Милан заинтересирани се и Кристал Палас и Тотенхем.

    Беше платен 35 милиони евра во 2015-та година, но Морган Шнајдерлин би можел да биде еден од фудбалерите кои ќе побегне од Жозе Мурињо.

    Францускиот фудбалер за врска во дресот на Манчестер Јунајтед има одиграно седум натпревари во сите натпреварувања. Разделбата во јануари е се поизвесна. А на Шнајдерлин појас за спасување може да му понуди Милан.

    Росонерите сакаат да го доведат Шнајдерлин, но веруваат дека Манчестер Јунајтед ќе го пушти на шест месечна позајмица со право на откуп.

    Манчестер бара 15 милиони евра. Проблемот на Милан е тоа што за Шнајдерлин се заинтересирани и Кристал Палас и Тотенхем.