Милан го чека дуелот Стоук и Вест Хем, еве и зошто!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Росонерите ќе бидат меѓу најатрактивните во јануари.

    Пишувавме дека Милан е заинтересиран за фудбалер на Ајакс, повеќе за тоа ТУКА.

    Сега на мета на екипата од Сан Сиро и еден напаѓач, а  според последните наводи во прашање е офанзивецот на Јувентус на позајмица во редовите на лондонски Вест Хем, Симоне Заза.

    Италијанецот не се снајде на Островот,на првите девет настапи не успеа да го пронајде патот до мрежата на ривалите, постои веројатност дека не ја искористи својата шанса.

    Имено, во договорот со Јувентус стои дека Вест Хем е обврзан, доколку  Заза  одигра 10 мечеви за Чеканите, во целост да го откупи неговиот договор.

    Значи, доколку го видиме на теренот против Стоук, се ќе биде јасно, Билиќ смета на него во иднина, доколку сепак не заигра, во таа приказна ќе се приклучи Милан.

    Монтела сака уште еден напаѓач , Заза веројатно може да го добијат за околу 15 милиони евра, што е сосема прифатливо, бидејќи 25-годишниот напаѓач го пронајде рецептот за давање на голови на Чизмата, додека на Островот тоа засега не оди.