Милан на зима доведува офанзивец од Јунајтед?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Холандскиот фудбалер е на чекор од премин во Милан.

    Според пишувањата на италијанските медиуми, Мемфис Депај е се поблиску во Милан.

    Холандскиот репрезентативец е во немилост на Жозе Мурињо, речиси е извесно дека во Јунајтед нема да добие сериозна улога, што во Милан ќе пробаат да го искористат.

    Милан ќе испрати понуда веќе во јануари, не е познато колку пари, но парите на новите сопственици на италијанскиот клуб нема да бидат проблем да ги издвојат колку што ќе биде потребно.

    Холанѓанецот е незадоволен, спремен е да замине, преостана само уште Мурињо да ја одреди цената и клубовите да постигнат конечен договор.