До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб од Сан Сиро има големи амбиции, а да ги исполнат ќе мораат да се отворат на трансфер пазарот.
Конечно делува дека Росонерите можат да направат нешто во Серија А. После 11 кола се трети, првопласираниот Јуве им бега пет бодови, успееја и да слават во меѓусебниот дуел со актуелниот шампион.
Сега се решени во јануари дополнително да се засилат и да зададат уште поголеми маки на Старата дама и на најголемиот конкурент екипата на Наполи.
Доста имиња се доведуваат во врска со премин на Сан Сиро, а фудбалер на Ајакс делува како идеално засилување.
Имено, според пишувањата на медиумите во Италија, нов член на Милан може да стане суперталентираниот Решедли Базур.
Момчето кој е на радарот на секој голем европски клуб, често е споредуван со еден од најдобрите играчи за врска во последните триесетина фгодини Патрик Виеира.
Би било идеално засилување за Милан, има само 20 години, а веќе настапи и за сениорската селекција на Холандија, додека за Ајакс одигра 67 натпревари и запиша седум голови.
Ја помина Базур прочуената школа на Ајакс во фудбал, играше за сите млади селекции за Ајакс, како и сите млади селекции на Орање.
За неговите услуги, Росонерите ќе мораат да издвојат 22 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=tz5KpT6SZck















