Милан на крилјата на Бака и Нианг го совлада Лацио


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Милан вечерва на Сан Сиро ја совладаа екипата на Лацио со 2:0 во рамките на петттото коло од италијанската Серија А.

    Росонерите вечерва ја пружија најдобрата партија во оваа сезона, и сосема заслужено стигнаа до нови три бода. Лацио на почетокот на натпреварот пробуваше да го изненади домашниот тим, но Милан оддолена на нападите на римската екипа.

    На крајот на првото полувреме Пароло подари топката на Куцка кој одлично го проигра Бака кој истрча сам пред голманот на Лацио.

    Нормално, Колумбиецот не пропушта ваков подарок, и рутински ја испрати топката во мрежата за водство на Милан од 1:0.

    На почетокот на второто полувреме Росонерите имаа феноменална шанса за да ја дуплираат предноста, но Нианг од само неколку метир успеа да промаши празен гол за Лацио.

    Ова е сигурно еден од најголемите промашувања во историјата на фудбалот.

    Сепак, 15 минути пред крајот на натпреварот Нианг успеа да се оддолжи кога од белата точка ги постави конечните 2:0 за Росонерите. Милан сега е трет со девет освоени бодови, додека Лацио е седми со два бода помалку.