„Милан сите сега подруго ќе го гледаат“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Милан Винченцо Монтела беше горд на својата екипа после триумфот над Јувентус во дербито на 9 коло од италијанскиот шампионат.

    Голот на одлука на Сан Сиро го постигна младиот Мануел Локатели, а Монтела предупредува дека Росонерите сега сите ривали со други очи ги гледаат.

    „Радосен сум поради храброста и самодовербата која ја покажа мојот тим. Меѓутоа, на овој начин мораме да играме во секој натпревар. Реков на момците дека во новата сезона дури сега почнува, бидејќи во иднина сите ривали подруго ќе не третираат. Соодветно со тоа и притисокот ќе биде поголем“, рече Монтела.