Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач Аркадијуш Милик ова лето пристигна во Наполи како замена за Гонзало Игуаин.
Милик на самото отварање на сезоната се покажа дека ќе биде големо засилување, бидејќи овој 22-годишен напаѓач во седум натпревари постигна шест гола. Сепак, на почетокот на октомври здоби сериозна повреда на лигаментите за време на репрезентативните паузи.
По операцијата лекарите изјавија дека овој напаѓач на теренот ќе се врати дури во април следната година, но се чини дека тоа нема да биде случај. Имено, италијанските медиуми денеска објавија дека напаѓачот на теренот ќе се врати побрзо од очекуваното.
Закрепнувањето на Милик оди подобро отколку што се очекуваше, и ќе биде подготвен за натпреварот против Милан кој се игра на 22. јануари. Тоа значи дека полскиот напаѓач ќе се врати на теренот три месеци пoрано.
Ова се одлични вести за Наполи кој е во потрага по нов напаѓач, бидејќи Милик се повреди. Сепак, нов напаѓач на Наполи нема да им биде потребен.