Миркуловски 100% учинок – Вецлар поразен


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Магдебург славеа со 30:26 на домашен терен против Вецлар.

    После првите 30 минути домашните ракометари имаа предност од 1 погодок, 14:13. Во вториот дел доминираа на теренот, ја зголемија разлика и заслужено славеа со 30:26.

    Дамгард со 10 погодоци го предводеше Магдебург до победа. Вебер го заврши натпреварот со 8 погодоци од 8 обиди, а Кристијансен додаде 4 погодоци во победата. Вебер со 7 погодоци најмногу се истакна во Вецлар. Колбахер го заврши натпреварот со 100% учинок, 6 погодоци од 6 обиди, а македонскиот ракометар Филип Миркуловски постигна 1 погодок од 1 обид.