Мирослав Клосе ќе биде спасител на Наполи?

    Италијанските медиуми обајвија дека Мирослав Клосе би можел да го замени Аркадиуш Милик во Наполи.

    Одличниот полски напаѓач го повреди коленото на натпреварот против репрезентацијата на Данска и поради тоа ќе отсуствува подолг временски период, па така во Наполи веќе бараат замена.

    Неколку имиња во последните неколку дена се поврзуваат со италијанскиот гигант, а како потенцијален спасител сега се споменува и искусниот Мирослав Клосе, кој е без клуб откако го напушти Лацио ова лето.

    Вреди да се напомене дека покрај Клосе, се споменуваат и Македа, Паволети и уште неколку имиња.