Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ерменецот од редовите на Манчестер Јунајтед, Хенрик Михтаријан е разочаран од португалскиот менаџер, Жозе Мурињо.
Иако Мурињо го доведе во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд ова лето, Михтаријан нема голема минутажа, односно речиси воопшто нема.
Тој се повреди за време на репрезентативните паузи во септември и пропушти два натпревари во Лигата на Европа и четири натпревари во Премиер лигата.
Сепак, сега е целосно опоравен и беше подготвен за натпреварот против Фенербахче во Лигата на Европа, но повторно не доби шанса. А спроед шпекулациите на Островот, Михтаријан е разочаран и полека паѓа во вториот план на Мурињо.
Од почетокот на сезоната започна само еден натпревар во Премиер лигата.