До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Репрезентативецот на Србија и играч за врска на Астана Немања Максимовиќ е на мета на Манчестер Јунајтед и Рома.
Според пишувањата на порталот “But Football Club” англискиот гигант веќе некое време го следи 21-годишниот капитен на златните „орли“, на кого договорот со шампионот на Казахстан истекува на лето 2017 година.
Истотака, и Рома сака во своите редови да го види еден од најталентиранирте српски фудбалери, кој по завршувањето на обуката во Црвена Звезда кариерата ја продолжи во словенскиот клуб Домжале.
Максимовиќ со државниот тим до 19 години го освои првенството на Европа, а потоа и постигна одлучувачки гол во финалето на шампионот на свето за играчи до 21 година против Бразил 2015 година.
Срспкиот интернационалец во Астана дојде во февруари 2015 година, а неодамна истакна дека нема ништо против да го одработи договорот до крај.
Во оваа сезона во 28 натпревари постигна три гола.
https://www.youtube.com/watch?v=Jx99Uj4I2ZY















