„Монтоливо е незаменлив! Фабрегас нема такви карактеристики“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Милан жали поради повредата на својот играч за врска.

    Рикардо Монтоливо ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото што кај многу навивачи предизвика коментари во смисла дека “не е некоја штета ако се земе во предвид како слабо игра“.

    Сепак, такво мислење не дели тренерот на Милан Винченцо Монтела кој истакна дека тој играч за него е речиси незаменлив, и дека Сеск Фабрегас не може да го замени.

    „Потребен ни е играч со карактеристики кои ги има Монтоливо. Некој кој знае да игра на средина на теренот кога се во оптек два последни играчи за врска. Фабрегас ги нема тие карактерискити. Тој е речиси незаменлив. Тој е многу важен важен на теренот, но и во соблекувалната. Тоа е многу поголема загуба за нас отколку што мислат луѓето“, рече Монтела.

    Милан после седум одиграни кола од Серија А има 13 освоени бодови.