„Мојот дедо би ја освоил титулата со Баерн, а не Гвардиола“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити Јаја Туре ошто денеска го критикуваше тренерот на екипата Пеп Гвардиола и рече дека Шпанецот треба да оди да работи во Сандерленд или Сарагоса за да докаже дека е голем стручнак.

    Фудбалскиот менаџер Димитри Селук и тренерот на Сити Пеп Гвардиола „водат војна“ во медиумите после одлуката на шпанскиот тренер да го изостави фудбалерот Јаја Туре од екипата за натпреварувањето во Лигата на шампионите.

    Селук неодамна рече дека Гвардиола со тоа искажа незадоволство кон Туре и дека го понижи, а тренерот вчера рече дека фудбалерот на БСК нема да игра се додека неговиот менаџер не се извини.

    Украинскиот менаџер за Дејли Мирор рече Гвардиола допрва треба да се докаже како тренер.

    „Екипата која ја превзеде во Барселона ја изгради Франк Рајкард, а тогаш Гвардиола имаше среќа што го имаше Лионел Меси. Меси ја направи Барселона, а не Пеп. (Сегашниот тренер) Луис Енрике покажа дека за успехот на Барселона не е заслужен Гвардиола“, рече Селук.

    Гвардиола од 2008 до 2012 година ја тренираше Барселона и освои три шампионски титули и по две Лига на шампиони, Суперкуп на Европа, Куп на Кралот, светско клупско првенство, како и три Суперкупови на Шпанија. Во 24 натпревари оствари 179 победи.

    Тој после тоа го презеде Баерн од Минхен и освои три по ред шампионски титули, два Купа, Суперкуп на Европа и светско клупско првенство.

    „Исто беше и во Минхен. Не може да биде неуспешен. Мојот дедо можеше да освои титула со такви тимови. Ако Пеп сака да се докаже како голем тренер, тогаш треба да оди во Сарагоса или во Сандерленд, па да видиме коу е добар кога нема да наследи добар тим и кога нема пола милијарди фунти за засилувања“, рече Селук.