Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Фудбалерите на Баер Леверкузен славеа на домашен терен во дерби натпреварот против Борусија Дортмунд со 2:0.
После десет минути на теренот, Баер Леверкузен стигна до водство. Швајцарскиот репрезентативец, Адмир Мехмеди беше највисок во скокот после изведениот корнер на Хакан Чалханоглу. Кевин Кампл потоа шутираше непрецизно, а пред крајот на првото полувреме Дембеле шутираше над голот. На стартот на второто полувреме Вендел промаши голема шанса за зголемување на водството. Во 73-та минута Бернд Лено го запре ударот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг. Десет минути до крајот на натпреварот Хакан Чалханоглу повторно беше асистент, а Чичарито го зголеми водството на домашниот клуб. Баер Леверкузен ги освои трите бода на домашен терен.
Леверкузен му го нанесе на Борусија Дортмунд вториот пораз оваа сезона, а клубот од БајАрена ја запиша третата победа во шестото коло.