Моќниот Фенербахче го разнесе Баликешир – Антиќ најефикасен во победата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фенербахче славеа на домашен паркет против Бест Баликешир со во натпревар од осмото коло од турската супер лига.

    Од самиот старт на натпреварот кошаркарите на Фенербахче почнаа да доминираат на паркетот. После првата четвртина имаа водство од осум поени, 21:13. Гостите во втората четвртина успеаа да намалат на три негатива, 25:22. До крајот на првото полувреме кошаркарите на Фенербахче направија седум поени предност, 42:35. Одличната одбрана на кошаркарите на Фенерабхче му дозволи во третата четвртина на Баликешир да постигне само седум поени. Фенербахче во последните десет минути од натпреварот влезе со предност од дваесет и шест поени, 68:42. Во последната четвртина Фенербахче ја имаше најголемата предност на натпреварот, триесет и шест поени, 89:53. Фенербахче на крајот ја запиша седмата победа оваа сезона во турското првенство, 91:57.

     

    Перо Антиќ го предводеше Фенербахче до победа со 15 поени. Ахмет и Мухамед додадоа по 13 поени.

    Во следното коло Фенербахче ќе игра на гости против Тофас.