МСН слави две години: Статистика која остава без здив – ова е најдобар напад!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пред точно две години, 25 октомври 2014 година, Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар го одиграа првиот натпревар заедно во Барселона.

    Популарниот МСН по прв пат заедно истрча на теренот во Ел Класико против Реал, а иако Нејмар постигна погодок, Барса е поразена со 1:3.

    Меѓутоа, поразот на самиот почеток не го запре МСН. Од тогаш Меси, Суарез и Нејмар станаа најубиствено трио на светот. Во период од точно две години, Барселона постигна 367 погодоци во сите натпреварувања, а 264 ги постигнаа или Лионел Меси, Нејмар или Луис Суарез.

    Сите тројца во ист натпревар постигнале гол 16 пати – односно вкупно 72 погодоци.

    Барса доби 81.3 % од сите натпревари каде што од прва минута заиграа Меси, Суарез и Нејмар, а во Лигата на шампионите постигнаа 83.3 % од сите погодоци – 50 од вкупно 60.

    Од 25 октомври 2014 година само Реал Мадрид (296), и ПСЖ (270) постигнаа повеќе голови од МСН во сите натпреварувања меѓу земјите на петте најсилни европски лиги.

    Најмногу погодоци од тројцата напаѓачи на Барселона постигна Лионел Меси – 104, го следи Суарез со 94, а Нејмар придонесе со 66 погодоци. Суарез е најдобар асистент на МСН со 48 асистенции, Меси има 47, а Нејмар 34.

    Гледајќи вкупно, 229 погодоци МСН постигна во Ла Лига, 61 во Купот на кралот, а 60 во ЛШ. Уште шест дадоа во домашниот суперкуп, шест на клупското светско првенство, а три во Суперкупот на Шпанија.