До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неизбежно прашање за Жозе Муруњо после дуелот Манчестер Јунајтед и Фенербахче што се однесуваше за настапот на Пол Погба. „Посебниот“ очигледно едвај го чекаше моментот…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја запишаа втората победа во групната фаза од ЛЕ, а Пол Погба конечно прикажа партија каква што јавноста очекува.
Францускиот интернациналец постигна два гола во победата на Јунајтед над Фенербахче па на менаџерот на англискиот тим после натпреварот му е поставено прашање кое се однесуваше на настапот на Погба.
Жозе Муруњо очигледно едвај чекаше да се почне разговор за изданието на Пол Погба.
„Пред два дена Погба беше најлош играч во Премиер лигата, а 48 часа подоцна е феноменален“, рече Мурињо, а потоа додаде:
„Потребно му е време, дури и на врвните играчи им треба време. Задоволен сум со настапот на Погба денеска, даде на нашата игра тоа што сакавме, среќен сум поради тоа“, истакна Портгуалецот.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед објасни д ека во случајот на Пол Погба постои проблем поради фактот дека предолго играше во Серија А и дека тоа е причината поради што му е треба повеќе време да се адаптира на условите во англискиот фудбал.















