До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во сабота во рамките на 12 коло од Премиерлигата ќе биде одигран големо дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Црвените ѓаволи во оваа сезона не блескаат во англиското првенство, а евентуален триумф на Олд Трафорд ќе биде значајно враќање на победничкиот колосек.
„Иако против Венгер не занм за пораз во 11 натпревари во Премиерлигата, тоа не е важно. Не играм против тренер. Тоа е мој тим против тим кој го води друг тренер“, рече Мурињо во пресрет на натпреварот и потоа продолжи:
„Во последните два, три дена не се случи ништо посебно. Руни тренираше како и останатите, сака да игра и спремен е за натпреварот. Не ме интересира што работеше на собирот во репрезентацијата на Англија“.
Во текот на обраќањето пред новинарите Мурињо не пропушти шанса да го „боцне“ Мурињо.
„Венгер има респект кон сите новинари, за разлика од мене што немам ни приближен став. Сакам да го освојам деветтото првенство, четврти пат Премиерлигата. Бев шампион со четири различни клубови, сакам тоа сега да го направам со Јунајтед. Мојата последна титула беше пред 18 месеци, не пред 18 години“, потсети тој.
Да потсетиме, натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал се игра во сабота со почеток во 13:30 часот.















