До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалецот на крајот на мечот му одржа лекција на Италијанецот за однесување покрај аут линијата.
Враќањето на Стенфорд Бриџ заврши кошмарно по Жозе Мурињо. Португалецот доживеа дебакл со Манчестер Јунајтед ,и еден од најтешките порази во кариерата.
Како што Челси даваше голови, така фацата на Мурињо покрај клупата беше се помрачна. Додека Антонио Конте неколку метри понатака лудуваше во свој стил и бурно ги прославуваше головите.
Посебно падна во екстаза после четвртиот гол кога ја повика публиката за погласно да навива.
На Мурињо таквото однесување на Конте многу му пречеше, па на крајот од мечот кога се поздравуваа со стратегот на Сините, имаше што да му каже и да му префрли.
Поточно, му одржа лекција за однесуваше. Мурињо на италијански му шепна на Конте дека однесувањето не е коректно.
„Така не се однесува на 4:0. На 1:0 е Ок, но на 4:0 веќе е понижување на противникот“, луто му шепна Мурињо на зачудениот Конте кој не сакаше да се расправа.
Португалецот после лекцијата за однеесување, бесно брзо побрза во тунелот….Конте остана да слави со своите играчи.
Сепак, се чини дека Мурињо не е најсоодветната личност да дели лекции за убаво однесување. Да се потсетиме на ова….















