До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мурињо очигледно е незадоволен од учиникот на своите напаѓачи, и до управата поднесе барање за нов напаѓач.
Наводно, Црвените Ѓаволи во јануари ќе пробаат да го доведат Кејн на Олд Трафорд, а ќе му понудат договор од 150 000 фунти неделно.
Сепак, Спарси немаат намера да се откажат од еден од најдобрите напаѓачи во Англија, па е извесно дека и тие ќе понудат барем идентична сума за негово останување.
Кејн ги помина младинските категории во Тотенхем, а покрај лондонскиот тим играше на позајмица за Лејтон, Милвал, Норвич и Лестер.
За екипата на Вајт Харт Лејн одигра 134 натпревари, и постигна 67 погодоци.















