Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед не сакаше однапред да го открие составот со кој ќе настапи на утрешниот натпревар против Фенербахче во Лигата на Европа.
„Оваа недела е многу тешка за нас. Понеделник, четврток, недела. Лвиерпул, Фенербахче, Челси. Специјална недела. Треба да сме подготвени. Нема да ви го откријам составот. Понекогаш го правам тоа, но не и овој пат“, изјави Мурињо.
Португалецот не сакаше да открие и дали Руни ќе го започне натпреварот.
„Вејн се труди и многу е позитивен. Ќе се потпреме на него, без разлика дали ќе стартува или ќе остане на клупата“ додаде Мурињо.
Мурињо исто така откри и дека Хенрик Михтаријан се опоравил од повредата и ќе биде во конкуренција за утрешниот натпревар.