Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Антонио Конте не е задоволен од последните изданија на својот тим и веќе ја направи трансфер листата за на зима, односно кој ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Во таа листа се најде и англискиот репрезентативец Гери Кејхил, кој направи катастрофална грешка во дербито со Арсенал и му овозможи на Санчез лесно да го совлада Куртоа за 1:0.
Се чини дека Италијанецот го загуби трпението со него, а се верува дека уште на зима Кејхил би можел да ја промени средината.
Англиските медиуми тврдат дека прв во редот за него е неговиот поранешен менаџер во Челси, Жозе Мурињо.
Португалецот е во потрага по искусен дефанзивец, кој би му помагал на Бејли да прерасне во врвен дефанзивец, а токму Кејхил се вклопува во таа замисла.
Сосема сигурно дека не очекува многу интересен трансфер период овој јануари..