Мурињо продолжува неверојатно да троши: Британците го открија новото скапоцено засилување


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Иако потроши 166 милиони евра во летниот преоден рок, тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо уште не е задоволен со играчкиот кадар, а посебно го мачи позицијата десен бек.

    Поради тоа Мурињо сака во јануари да го доведе фудбалерот на Евертон Шејмус Колман (28), кој веќе со години спаѓа меѓу најдобрите десни бекови во Премиер лигата, објавија во понеделникот британските медиуми.

    Јунајтед сакаше да го доведе Колман уште во 2013 година, а Мурињо го „имаше на рададот“ во ова лето. Но, поради доведувањето на Пол Погба, тој трансфер падна во втор план.

    Мурињо мислеше дека позицијата десен бек може да ја покријат Матео Дармијан и Антонио Валенсија.

    Сепак, Дармијан воопшто не игра, а Мурињо не е баш задоволен ни од придонесот на Валенсија.

    Колман со договор со Евертон е врзан до лето 2019 година, и доколку премине во Јунајтед оштетата ќе изнесува околу 28 милиони евра.

    https://www.youtube.com/watch?v=ZyLhiTXVOjo