Мурињо ќе има полна рака работа: Црвените ѓаволи во една статистика се последни во лигата


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После три воведни победи, Црвените ѓаволи доживеаа три порази.

    Се почна со поразот во градското дерби од Сити на Гвардиола, а следеа неочекувани порази од Фејенорд и Вотфорд кој со 3:1 го фрли Јунајтед на 7 место на првенствената табела.

    Немилосрдните англиски новинари и аналитичари веќе почнаа да се прашуваат дали помина времето на Мурињо, а ни статистиката не оди на страна на Јунајтед.

    Во поедини сегменти на екипата од Олд Трафорд се наоѓа во долната половина на статистиката на англиското првенство, а во една е црвно на последното место.

    Педантните статистичари на англиски Мирор пресметаа дека Манчестер Јунајтед е убедливо најлоша екипа што се однесува до претрчани километри на домашните натпревари.

    Во пет досегашни дуели екипата на Мурињо вкупно претрча 526.6 километри што е најлош резултат меѓу 20 премиерлигашки клубови.

    Незначително пред нив е Сандерленд со 526.7 километри, а огромна разлика со екипите од врвот – Ливерпул и Манчестер Сити. Играчите на Клоп најмногу трчаат – досега во нозете имаат 581.6 километри, а одма позади нив следат играчите на Сити кои претрчаа 570.7 километри.