До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Курва Норд издаде соопштение, денеска против Каљари ќе видиме лоши сцени на Меаца.
Непријателството е обновено…
Ако се сеќавате, се почна против Сасуоло, кога Интер е поразен со 3:1 на Мапеи. Икарди тогаш влезе во игра, даде гол, играчите на Интер после новиот пораз се соочија со навреди, некои дојдоа под трибините да се извинуваат.
Икарди дојде до поради на едно дете дрес, изби расправија со лидерот кој му го фрлија назад.
Капитенот на Интер во својата напиша: „Видов дете, сакав барем малку да го усреќам после поразот, а тогаш скокна лидерот. Следеа навреди, му реков дека се прави храбар пред детето со цел да покаже авторитет и дека секогаш може да ми излезе „еден на еден“, кога е така опасен“, напиша Икарди.
„Во соблекувалната кај соиграчите сум дочекан како херој, никој од тие типови од трибините не рече ништо слично“, додаде Икарди.
Оваа книга предизвика револт меѓу навивачите на Интер, стигна официјално соопштение во кое се вели дека со Икарди завршиле уште одамна.
„Кловну, вратија лентата, ти не си Интер и не си дел од него. Дечко од 23 години кој пишува автобиографија. Не го заслужуваш нашиот дрес, а што се однесува до повикот, може, ќе ги доведе тие своите 100 криминалци од Аргентина, па ќе видиме“, му го возвратија предизвикот бесните навивачи.
Со стандардните навивачки приказни за почитување, тие повторија дека Икарди е лажго, дека приказната со детето е измислесна и дека навивањето на Интер од трибините е единствено на кое децата ќе земат знаме и ќе учествуваат во кореографијата, секогаш се добредојдени.
Во секој случај, денеска против Каљари, капитенот на Интер го чекаат свирежи и навреди. Тој го продолжи договорот пред неколку недели, а сега е далеку најплатен играч во екипата и нормално капитен.















