Навивачите на Наполи во солзи по повредата на Милик


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Вчерашниот натпревар помеѓу репрезентациите на Полска и Данска долго време по лошо ќе го паметат навивачите на Наполи.

    Нивната прва напаѓачка опција, Аркадиуш Милик се повреди во текот на првото полувреме и беше приморан да ја напушти играта.

    За жал на навивачите на Наполи, се работи за повреда на лигаментите на коленото, поради која Милик ќе треба да пропушти дури четири месеци што ќе биде огромен хендикеп за оваа екипа од Серија А.

    Милик во Наполи пристигна да го замени Игуаин, а тоа го направи навистина одлично. Постигна дури седум голови на девет официјални натпревари за овој тим.

    Потсетуваме дека навивачите на Наполи беа бесни на Игуаин откако тој си замина во редовите на лутиот ривал, а еден ресторан во овој град нудеше пица за само едно евро доколку Игуаин се повреди.

    Сепак, на крајот, оваа судбина им се случи токму на свотие фанови.