Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Надал во 1/16 финалето на АТП турнирот во Мадрид беше подобар во три сета од Фабио Фоњини, 1:2.
Фоњини направи брејк во третиот гем, 2:1. Шпанецот стигна до израмнување во осмиот гем, 4:4, а во следниот гем италијанецот го одзеде сервисот на Надал, 4:3. Фоњини имаше сервис за добивање на првиот сет, но освои само еден поен, па Надал повторно го израмни резултатот, 5:5. Победникот на првиот сет мораше да биде одлучен по тај-брејк. Шпанскиот тенисер тај-брејкот го доби со 3:7. На Фоњини во вториот сет му беше доволен еден брејк кој го направи во четвртиот гем за израмнување на резултатот во сетови, 6:3, 1:1.
Надал во одлучувачкиот сет го одзеде сервисот на Фоњини во шестиот гем, 2:4. При сервисот за победа шпанскиот тенисер загуби на свој сервис, па италијанецот намали на 4:5. Во следниот гем Надал направи брејк кој беше доволен за победа, 4:6.
Шпанскиот тенисер во 1/8 финалето ќе игра против Кирјос.