До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Газета тврди, Реал Мадрид ја прифати понудата од 85 милиони евра.
Хамес Родригез во наредното лето ќе премине во Интер после што наводно Реал Мадрид ја прифати понудата на италијанскиот клуб од 85 милиони евра.
Според пишувањата на Газета дел Спорт, Реал Мадрид не смета сериозно на Колумбиецот, а понудата од 85 милиони евра е и повеќе од одлична за да не се одбие.
Кинеските инвеститори кои влегоа во Интер, сакаат да го вратат славниот клуб во врвот на европскиот фудбал, а после Банега, Жоао Марио, Кандрева и Габигол кои стигнаа во летото, треба да стигне и Хамес Родригез.
Зинедин Зидан го пресели Колумбиецот на клупа, таков играч реално заслужува да игра во поголем клуб, а иако беше на мета на Манчестер Јунајтед и Челси, Интер изгледа беше најбрз и најконкретен.
Да потсетиме, Родригез во Реал Мадрид стигна во летото 2014 година за 80 милиони евра.















