Најдобар напаѓач во Примера е…


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Заврши изборот за најдобрите во Примера, доделена е и наградата за најдобар напаѓач!

    Лука Модриќ ја понесе ласкавата награда за најдобар играч за врска воцнајквалитетното натпреварување во Шпанија. Повеќе за тоа ТУКА.

    Доделени се и наградите за најдобар голман, дефанзивец, најголемо откритие, како и за најдобар тренер, а повеќе за тоа ТУКА.

    Доделена е и наградата за најдобар напаѓач во Примера, а таа заврши во рацете на фудбалерот на Барселона Лео Меси.

    Тој запиша 26 голови и 16 асистенции во сезоната позади нас, на 33 настапи во Примера. Интересно е дека Суарез има дури 14 голови повеќе во елитното натпреварување а ист број на асистенции, но наградата сепак отиде во рацете на аргентинскиот фудбалер.

    Дури и Кристијано Роналдо имаше повеќе голови од Меси, кој постигна 35 голови во 36 настапи во Примера во минатата сезона.

    За Меси е ова седми пат да ја добие оваа награда, за осум сезони колку е во Примера.

    Суарез сепак понесе една награда, а прогласен е за најдобар странски играч.