До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марзио, кој работи за Скај Спортс, познат е по многу добрите информации што се однесува до играчите па неговиот Твитер профил е еден од тие кои во текот на меркатото редовно се следи.
Иако Ди Марзио е активен и надвор од преодниот рок сепак тоа му е специјалност па интересно е да се види неговото мислење за најдобрите и најдобрите трансфери во ова лето.
Ди Марзио, ниту месец и половина од крајот на преодниот рок, состави најдобра и најлоша екипа на играчи кои во текот на летоот ги променија клубовите, а тие изгледаат вака:
Најдобра екипа: Џонс (Фејенорд); Стонс (Манчестер Сити), Глик (Монако), Меркадо (Севиља); Мане (Ливерпул), Васкез (Севиља), Џака (Арсенал), Пионе Систо (Селта Виго); Сансоне (Виљареал), Дембеле (Борусија Дортмунд, Балотели (Ница).
Најлоша екипа: Силесен (Барселона); Вршаљко (Атлетико Мадрид), Давид Луиз (Челси), Диње (Барселона); Конопљанка (Шалке 04), Погба (Манчестер Јунајтед), Ренато Санчез (Баерн), Бен Арфа (ПСЖ); Хесе Родригез (ПСЖ), Заза (Вест Хем), Пако Алкасер (Барселона)















