ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Интер и оваа сезона се мачи, но затоа капитенот Мауро Икарди е навистина одличен. Аргентинецот оваа сезона е најпродуктивниот напаѓач, пред играчите од калибарот на Меси, Роналдо, Суарез, или Гризман.
Голот на Икарди за 3:1 на Интер против Фиорентина беше 11. оваа сезона, а го постигна и 12. кога ја потврди победата на својата екипа од 4:2. Тие голови, со четири асистенции значат дека Икарди директно учествувал во 16 голови на својот тим, повеќе од било кој друг играч во најсилните пет европски лиги.
Интер постигна 22 гола, што значи Икарди учествуал во повеќе од половина, а не учествувал во само шест гола на „нероаѕурите“.
Аргентинскиот напаѓач се изедначи на врвот на листата на стрелци во Серија А со Един Џеко. Двајцата имаат по 12 гола, со тоа што Икарди има две асистенции повеќе.