До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
На денешен ден пред 24 години тогаш голобрадиот Дејвид Бекам го забележа својот прв настап во сениорскиот фудбал и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед.
Тогаш 17-годишниот Бекам легендарниот Алекс Фергусон го уфрли во игра наместо рускиот интернационалец Андреј Канчелски на мечот од Лига купот меѓу Јунајтед и Брајтон.
Дејви беше член на прочуената генерација на Манчестер Јунајтед која од клупата е предводена од генијалниот менаџер Фергусон доминираше во 90-те на англискиот фудбал, и освои шест титули во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите во 1999 година во Барселона го победи Баерн со 2:1 во финалето.
Благодарение на тој успех, Јунајтед неколку години подоцна стана најтрофеен клуб во Англија, остранувајќи го од тронот тогаш неприкосновениот Ливерпул.
Соигра на Бекс во клубот од Олд Трафорд беа Рајан Гигс, браќата Гери и Фил Невил, Оле Гунар Солскјер, Питер Шмајхел, Пол Сколс…
Многу фудбалски стручнаци се согласија дека пресуден момент во животот на Дејвид Бекам беше средбата со неговата сегашна сопруга, тогаш вокал во бендот „Спајс гирлс“ Викторија Адамс.
Амбициозната Викторија во ложата на Олд Трафорд бараше да се запознае со тогаш фудбалската ѕвезда во подем. После тоа многу брзо стапија во врска и таа го презеде неговиот живот во свои раце.
Тогаш фудбалетот познат по одличните центаршутеви стана маркетиншска ѕвезда, која повеќе се занимаваше со промоција на својот привотен живот отколку фудбалот.
Цел медиумски циркус кој го следеше Дејвид и неговата фамилија, се одрази на неговиот однос со менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон.
Кулмнацијата се случи во 2003 година во соблекувалната на Манчестер, кога шкотскиот стручнак со копачка го погоди фудбалерот во слепоочницата после елиминацијата од Арсенал од Лига Купот.
Иако Јунајтед во таа година стана шампион на Англија, а Бекам беше еден од најдобрите играчи во тимот следеше трансфер во славниот Реал Мадрид.
Во кралскиот клуб Бекам имаше баш таков дочек – кралски. Во клубот од Мадрид помина четири години, а после тоа следеше трансфер во американскиот Лос Анџелес Галакси, каде што помина пет години, со две позајмици во Милан.
Фудбалската кариера ја заврши во 2013 година во Пари Сен Жермен, каде што помина една сезона.
Бекам во 1999 година го заземе второто место во изборот на Франс Фудбал, за играч на годината во Европа, позади Бразилецот Ривалдо.
Во анкетата на ФИФА во 1999 и 2001 година истотака беше втор, позади Ривалдо, односно Лиус Фиго.
За репрезентацијата на Англија играше 115 пати и постигна 17 голови.
Во 2013 година Дејвид Бекам од страна на принцот Вилијам, на основа на достигнувањата во спортот, предложен е за титула сер, но кралскиот комитет на општо изненадување на јавноста во Британија го одби тој предлог.
Дејвид Бекам денеска е вистинска маркетиншка ѕвезда и три години после завршувањето на фудбалската кариера е заштитно лице на разни брендови ширум свето.
И покрај разни медиумски шпекулации и понатака е во брак со Викторија со која има синови Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Севен Харпер, која името го доби по бројот на дресот кој го носеше.















