На Мурињо му недостасуваат многу играчи за утрешниот натпревар

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го напиша списокот од 19 играчи за гостувањето против Зорја во Лигата на Европа.

Јунајтед во Одеса ќе гостува без неколку играчи, а на списокот за патиници кои отпатуаа за Украина ги нема Матео Дармиан, Антонио Валенсија, Мајкл Керик, Морган Шнајдерлин и Мемфис Депај.

Ги нема ниту повредените Крис Смолинг, Лук Шо, а Бастијан Швајнштајгер не е пријавен за натрпеварот во Европа.

Мурињо со себе ги понесе следниве фудбалери: Де Геа, Ромеро, Џонстон, Бејли, Џонс, Блинд, Јанг, Рохо, Фосу-Менсах, Фелаини, Ерера, Погба, Лингард, Мата, Михтаријан, Мартиал, Рашфорд, Руни и Ибрахимовиќ.