До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Баерн Минхен во летото го доведе Карло Анчелоти со цел екипата конечно да дојде до титулата во Лигата на шампионите.
Меѓутоа, Италијанецот нанижа неколку неочекувани резултати па го загуби и водечкото место во Бундеслигата кое сега го држи Лајпциг.
Баварците се незадоволни со фактот дека нивниот клуб по прв пат после 2004 година загубија два натпревари по ред и веќе тргнаа по потрага за можен наследник на Анчелоти.
Прв избор им е Јирген Клоп кој од доаѓањето во Англија го препороди Ливерпул.
Клоп порано работеше одлична работа со Борусија Дортмунд, а сега може да има шанса да се врати во Германија…















