На Руни се заканува казна од 3.5 милиони фунти


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни може да биде казнет поради избегнување да плаќа данок.

    Според наводите на Тајмс, доколку се докаже вината, на репрезентативецот на Англија му се заканува казна од 3.5 милиони фунти.

    Истиот извор пренесува дека искусниот фудбалер успеа да го измами заканот користејќи даночна шема со инвестициски фондови.

    Руни тоа го направи преку трета страна на компанијата четири пати во последните пет години.

    „Тајмс“ тврди дека Руни е под сомневање и за некои други инвестиции.