Неверојатно: Навивачите на Арсенал доцнеле на вчерашниот натпревар поради тоа што нивниот воз се судрил со стадо од крави


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Вчера, Арсенал му гостуваше на Барлни на „Турф Мур“ и забележа веројатно нерегуларна победа со голот постигнат со рака во 93. минута од натпреварот.

    Но, уште една интересна вест ни доаѓа кога во прашање е овој натпревар. Верувале или не, гостинските навивачи кои во голем број пристигнаа на „Турф Мур“, доцнеле поради тоа што нивниот воз кој организирано тргнале на пат за да го бодрат Арсенал, се судрил со стадо од крави во близина на Ланкашир.

    Осум животни смртно настрадале од несреќата, а железничкиот сообрааќај во тој дел од Англија беше целосно прекинат. Сепак, навивачите го покажаа својот менталитет, па организирале друг превоз само да не ја пропуштат новата победа на својот омилен клуб.