Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имал две големи желби во летниот трансфер период.
Пеп во својот тим сакал да ги види двајцата, по многумина најдобри играчи на светот, Лионел Меси и Нејмар.
„Mundo Deportivo“ пишува дека спортскиот директор на „граѓаните“, Феран Сориано имал дури три пати преговори со овие играчи, но ниту еден не сакал да се пресели на „Етихад“.
Иако Сити бил подготвен да ги сруши сите рекорди кога во прашање се трансферите, ѕвездите од Барселона не сакале да направат трансфер во Англија, па така Сити морал да си најде други решенија.