„Невозможно! Мислев дека е тоа мојот 25 000 гол“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа денеска на гости кај Свонси во рамките на Премиер лигата со 3:1.

    Два погодоци на овој меч за Црвените ѓаволи постигна Златан Ибрахимовиќ кој на тој начин стигна и до два јубилеи.

    Имено, првиот гол на Златан на овој меч беше 25 000 голови во Премиер лигата.

    „Ох, не, невозможно, Мислев дека тоа е мојот 25 000 гол во кариерата“, рече Златан па подоцна го искоментира и жолтиот картон кој денеска го доби и поради кој нема да игра во мечот против Арсенал.

    „Мислев дека играме грубо во Англија? Играв групо и добив жолт картон. Поради што? Не знам. Можеби бев премногу уморен за да слушнам што судијата ми рече“, порача Златан.