„Незнам каде би ја завршил кариерата“


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ван Перси имаше неколку понуди од Англија, но одлучи да остане во Турција.

    Сите беа изненадени кога Ван Перси премина во Фенербахче, но тој тоа го смета како добар потег во својата кариера.

    „Бев долго во Англија и сфатив дека е време за нови авантури. Фенербахче беше вистински избор и јас уживам овде. Незнам уште колку ќе се задржам овде“ – вели Ван Перси.

    Овој напаѓач додаде дека за секои одлуки се консултира со фамилијата.

    „Децата се во тек со се и најмногу зборувам со нив. Веројатно тие ќе одлучат каде следното лето. Тие многу ја обожаваат Англија па би можеле назад“