Неискуството го направи своето – Висок пораз на Металург од Татран


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург во вториот натпревар во ЛШ од групната фаза беа поразени од Татран Прешов со 27:22.

    Одлично започнаа ракометарите на клубот од Автокоманда. Најголемата предност беше 7 погодоци, 2:9. Домашните ракометари до крајот на првото полувреме со погодокот во последната секунда намалија на 1 погодок негатива, 12:13. Набрзина во вториот дел израмнија и направија пресврт, 13:12. Се до 15:15 беше израмнето, а потоа домашните ракометари само ја зголемуваа предноста. Предноста од 8 погодоци беше најголема за ракометарите на Татран Прешов, 27:19. На крајот Татран Прешов славеше со 27:22.

    Јакуб Хрстка со 7 погодоци го предводеше Татран Прешов до победа. Леон Вучко и Оливер Рабек натпреварот го завршија со по 4 погодоци. Милош Драгаш со 5 погодоци беше најефикасен кај Металург. Филип Талески постигна 4, Немања Обрадовиќ и Немања Младеновиќ постигнаа по 3 погодоци.